Audi S8 со 612 кс by ABT Sportsline – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Audi S8 со 612 кс by ABT Sportsline

ABT Sportsline го претстави нивниот проект АS8, кој претставува компромис помеѓу лимузина и спортски автомобил.

S8 е најспортската верзија од Audi A8 и располага со 4.0-литарски твин-турбо V8 бензински мотор кој испорачува 520 кс и максимален вртежен момент од 650 Nm. Неговото забрзување од место до 100 км/ч изнесува 4.2 секунди.

Сепак, според ABT ова не е доволно брзо, па затоа со нивниот проект AS8 се одлучија да ги подобрат перформансите и успејаа да извлечат дополнителни 100 коњски сили и 130 Nm од неговиот мотор.

Финалниот резултат е 620 кс и 780 Nm со забрзување од 0-100 км/ч за 4.0 секунди, додека забрзувањето од 0-200 км/ч се одвива 13 секунди, а максималната брзина е електронски ограничена на 290 км/ч.

Покрај засилувањето на моторот, овој пакет опфаќа прилагодлива воздушна суспензија, како и избор од повеќе дизајни на алуминиумски тркала во големина од 19 и 20 инчи.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.