Nissan објави дека следната генерација ќе биде целосно електричен модел, заедно со електрична верзија на популарниот кросовер Juke.
Новата електрична Micra ќе биде изградена на истата платформа CMF-BEV како и новиот електричен Renault 5. Очекуваме да понуди сличен максимален досег до 300 километри со помалата батерија од 40kWh, односно до 400 километри со батерискиот пакет од 52 kWh.
На официјалните фотографии може да ги забележиме и изгледот на новиот Leaf, како и на новиот целосно-електричен Juke. Иако точните спецификации се уште не се објавени, очекуваме сите три модели да ја користат истата технологија со своите француски роднини.
Производството на новата Micra EV ќе биде во фабриката на Renault во Франција и е очекувано да започне во 2026 година.