Два нови модели на Dongfeng пристигнаа во Македонија – соодветно-именуваниот и огромен Huge и динамичниот, спортски Mage.
Dongfeng Huge е голем SUV кој има амбиции да се натпреварува со значително поскапа конкуренција, а тоа ќе го прави со врвна просторна понуда, ефикасен и моќен мотор и многу, многу, многу опрема. Huge е долг 4.7 метри и при првиот контакт се забележува дека нуди навистина многу простор во кабината.
Придвижуван е од 1.5-литарски турбо-бензинец кој кон предните тркала преку 7-степен DCT менувач испорачува 201 коњска сила. Достапен е во две нивоа на опрема – Intelligence и Premium +. Huge во Intelligence ниво на опрема чини 31.490 Евра, додека Premium + нивото на опрема чини 33.490 Евра.
Вториот новитет е Dongfeng Mage. Mage е динамичен кросовер со нескриена динамичност. Mage исто така доаѓа со 1.5-литарски турбо-бензинец и 7-брзински DCT менувач со двојна спојка, но во оваа конфигурација моторот испорачува 194 коњски сили.
Mage има препознатливо подинамична форма и цели кон помладите купувачи, но во исто време скоро во ништо не заостанува зад Huge. Mage е достапен само во едно (би додале, топтан-опремено) ниво на опрема и чини 25.900 Евра.
Кај двата автомобили се препознава силен фокус кон дигитализацијата, опремата и системите за асистенција. Секако, ќе дознаеме повеќе кога ќе ги добиеме Huge и Mage на тест. Во меѓувреме, можете да го посетите салонот на ABC Brother или пак да ги погледнете додека се изложени во East Gate Mall.