Nissan го претстави новиот Pathfinder, еден месец пред неговото лансирање есенва.
Новиот сериски модел располага со смел дизајн со истакната маска, аглести предни светла и бројни детали од хром. Кросоверот може да биде опремен и со панорамски стаклен кров со лизгачки преден дел и фиксен заден панел.
Благодарение на новата платформа, која ја дели со Infinity JX, масата е намалена за 227 кг во споредба со досегашниот модел, со тоа што моделот со погон на предните тркала тежи 1,882 кг, а тој со погон на сите тркала тежи 1,946 кг. Nissan објави дека новиот Pathfinder нуди капацитет на товарење од 2,268 кг.
2013 Pathfinder го користи истиот 3.5-литарски V6 мотор со 260 кс кој се наоѓа и во Infinity JX, усогласен со нова генерација на Xtronic CVT трансмисија. Овој модел се нуди со погон на предните тркала како и погон на сите четири, заедно со најновиот 4×4-i систем со подесување на погонот на две тркала, автоматски или сите четири.
Поради полесната платформа и новиот агрегат, потрошувачката е подобрена за повеќе од 30% од претходниот модел. Така сега моделот со погон на предните тркала има просечна потрошувачка од околу 10 литри на 100 км, а тој со погон на сите четири забелеува 11 литри на 100 км, правејќи го најдобар во класата.
Во внатрешноста, 2013 Pathfinder располага со пријатен дизајн со високо квалитетни материјали и акценти од метал, а комотно можат да се сместат дури седум патници. Некои од опциите вклучуваат греачи на волан, предни седишта со ладење и греење, дво-зонски клима уред, сателитско радио, Bose премиум аудио систем со 13 звучници, GPS навигација и три-зонски мултимедијален систем.