Германскиот ADAC, австрискиот ÖAMTC и швајцарскиот TCS им дадоа врвни оцени на Continental SportContact 7 пневматиците со високи перформанси.
На тестовите на европските автомобилски клубови се најдоа вкупно 18 различни модели на пневматици во димензии 225/40 R18, а беа тестирани на Volkswagen Golf.
„Со престижната победа на тестот на гуми на ADAC, SportContact 7 непрекинато го продолжуваат успехот од минатите години. Од лансирањето во 2021, пневматиците веќе победија на 14 различни независни тестирања“ – изјави Andreas Schlenke од Continental.
Истовремено, SportContact 7 пневматиците импресионираат со нивните перформанси како на суви, така и на мокри патишта. На сув асфалт, пневматиците со високи перформанси на Continental покажуваат „одличен фидбек и прецизна контрола, дури и на границите, благодарение на одличното држење на патот“. Истовремено, SportContact 7 освоија и максимален рејтинг во мокри услови.
При сопирање на мокар асфалт, SportContact 7 го запираат автомобилот од 80 до 0 километри на час за само 28.4 метри. На сув асфалт автомобилот застана од 100 километри на час за 35.2 метри. „Најкраткото растојание на кочење во рамките на споредбата и апсолутно безбедни и лесни за контролирање на мократа патека“ – заклучија експертите од ADAC за SportContact 7.
Continental SportContact 7 пневматиците можете да ги најдете во Мотоцентар.
Извор: PR Continental