PV5 е новото мало електрично комбe на Kia – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

PV5 е новото мало електрично комбe на Kia

PV5 се стреми кон револуција во светот на електричните возила, комбинирајќи моќ, ефикасност и современи технологии. 

Kia го направи дизајнот да биде модерен и функционален, со просторна кабина и интуитивен технолошки пакет. Модуларноста на возилото дозволува истото да се користи за превоз на патници или за карго превоз.

PV5 доаѓа со три различни опции за батерии: 45 kWh, 60 kWh и 75 kWh. Според Kia, со најголемата батерија тоа може да извози до 401 километар.

Технологијата дополнително вклучува и напредни системи за полнење, со чија помош PV5 може да се наполни до 80% за помалку од 30 минути. Безбедносните карактеристики вклучуваат автономно сопирање, асистент за одржување во лента и адаптивен темпомат.

Иако Kia не објави детали околу достапноста за новиот електричен модел, очекуваме дека тој ќе биде лансиран во текот на годинава, додека цените ќе варираат во зависност од избраната конфигурација.

 



Автомобилски ентузијаст преку ден, DJ преку ноќ!