Фабриката во која се произведуваа Q8 E-Tron и Q8 E-Tron Sportback ќе престане со работа на 28 февруари 2025 година.
Audi E-Tron започна со производство во 2018 година како првиот глобален електричен автомобил на Audi, додека моделот Sportback беше додаден следната година. Во 2022 година, двата модели го добија префиксот „Q8“ а фабриката во Брисел почна со производството во Декември истата година.
Во 2023 година, Audi продаде 49,001 парчиња од Q8 E-Tron, што е намалување од 4.3% во споредба со претходната година. Фабриката има капацитет за производство на 120,000 возила годишно, што пак значи дека целосниот капацитет на фабриката не ни од далеку искористен.
Audi се обиде да најде купувач за фабриката, но за жал тоа не вроди со успех. Во одреден момент се појавија гласини дека кинескиот производител Nio е заинтересиран за фабриката, но извршниот директор William Li ги негираше гласините.
Gerd Walker, шефот на производството на Audi, изјави дека одлуката за затворање на фабриката е можеби најтешката што ја донел во својата професионална кариера.