Brabus го претстави својот најнов модел базиран на Mercedes-AMG S 63 E Performance.
Brabus 1000 All Grey e луксузен автомобил со моќен 4.5-литарски twin-turbo V8 и кој забрзува од 0-100 км/ч за само 3.1 секунди.
Со комбинирана моќност од 1000 коњски сили и 1,620 Nm вртежен момент, 1000 All Grey може да достигне максимална брзина до 290 км/ч. Автомобилот е опремен со нов издувен систем од нерѓосувачки челик и 4Matic+ погон на сите тркала.
Карбонскиот бодикит кој го изработи Brabus генерира зголемена надолна сила и го подобрува протокот на воздухот. Внатрешноста (како и надворешноста) е целосно сива, со карбонски детали на таблата, централната конзола и воланот.
За оние кои не се љубители на сивата боја, Brabus нуди и Bichromatic верзија со црно-сиви детали.