Xiaomi произведе 100.000 примероци од моделот SU7 – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Xiaomi произведе 100.000 примероци од моделот SU7

Извршниот директор на Xiaomi – Lei Jun го прослави достигнувањето со лежење на подот на фабриката.

Lei Jun, основачот и извршниот директор на Xiaomi, го прослави производствениот успех на SU7 со објава на социјалните мрежи. Тој напиша дека од лансирањето на SU7 до денес, им требале само 230 дена за да произведат 100.000 единици, што е значаен успех за новиот играч во автомобилската индустрија.

SU7 беше претставен во декември 2023 година, но производството започна четири месеци подоцна, во април 2024 година. И покрај импресивните спецификации и најсовремената технологија, се проценува дека SU7 ќе ја надмине продажвата на Tesla Model 3 во Кина, со почетна цена од 30.000 долари.

Најмоќниот модел SU7 Ultra, кој во Кина чини 112.500 долари неодамна постигна време од 6:46.874 на легендарниот Nürburgring, кое претставува уште едно врвно достигнување на кинескиот производител.



Автомобилски ентузијаст преку ден, DJ преку ноќ!