Пристигна освежениот Nissan Qashqai – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Пристигна освежениот Nissan Qashqai

Супер-популарниот кросовер на Nissan доби визуелно и технолошко освежување – и веќе пристигна и во новоотворениот салон на јапонскиот бренд во Скопје.

Nissan одлучи да ја нагласи семејната врска меѓу Qashqai и целосно-електричната Ariya – и би рекле дека одлуката е во вистинската насока. Освежениот Qashqai добива значително помодерен, пофутуристички лик. Од Nissan кажуваат дека предната решетка е инспирирана од заштитните облеки кои ги носеле древните јапонски војници, а околу решетката забележуваме драстично-редизајнирани дневни светла и скриени светлосни групи.

Интересни се и измените во кабината. Новиот Qashqai добива целосно-нов инфозабавен уред кој е развиен во соработка со Google, односно е базиран на Android опративниот ситем – всушност, многу слично на оперативниот систем кај Renault Austral.

Ова ветува целосна интеграција со сервисите кои ги нуди технолошкиот гигант – како на пример, одлична интеграција со Google Maps за врвна навигација. Секако, воведени се и нови, поквалитетни и полуксузни материјали, а многу внимание е посветено и на осветлувањето во кабината.

Понудата на погонски опции и понатаму е базирана на лајт-хибриди и фул хибриди. Според Nissan, унапредениот Qashqai Mild Hybrid ќе троши само 6.2 литри бензин на 100 изминати километри (според WLTP), додека e-Power погонот кој всушност користи мал турбо-бензинец како генератор на електрична енергија троши 5.1 литар бензин на 100 изминати километри.

На нашиот пазар, цените започнуваат од 32.900 Евра за Qashqai со 1.3-литарски турбо-бензинец со 140 коњски сили во Accenta ниво на опрема. Достапни се уште неколку различни погонски опции, па Qashqai можете да го комбинирате и со CVT автоматски менувач и со погон на сите четири тркала а лајт-хибридниот погон може да се добие и во конфигурација со 150 коњски сили. На самиот врв е Qashqai E-Power кој има вкупно 190 коњски сили.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.