Официјален старт на Cupra во Македонија! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Официјален старт на Cupra во Македонија!

Со отворањето на салонот на Cupra, денес и официјално стартуваше продажбата на шпанскиот спортски бренд во Македонија!

Cupra беше ознака која ја носеа најспортските модели на Seat, но пред неколку години Volkswagen групацијата одлучи дека е време ознаката да се трансформира во бренд. Па така, денес Cupra може да се пофали со цела гама на модели, сите со нагласени спортски квалитети и засебен, агресивен дизајн.

На нашиот пазар, Cupra започнува со Cupra Leon и Cupra Formentor. Секако, понатаму во понудата ќе биде додаден и новиот голем SUV – Terramar. Инаку, Cupra внесува интересна свежина во сегментите кои се натпреварува, бидејќи не само наметнува поагресивен дизајн и неизбежна шпанска драматичност, туку и воведува доза на емоции во време кога автомобилите стануваат сè понеутрални.

Цените започнуваат од 33.725 Евра за Cupra Leon, односно 31.571 за Formentor. Автомобилите се веќе изложени во новоотворениот салон за Cupra кој е по сите стандарди на брендот и можете и самите да ги погледнете – па и да ги повозите! Секако, денес во рамките на отворениот ден организиран од Порше Македонија, многу посетители имаа веќе да ги погледнат и да ги повозат новите автомобили.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.