Со свеченото отворање на салонот, од вчеравечер кинескиот бренд BAIC и официјално пристигна и се продава на македонскиот пазар.
Локален партнер и импортер на возилата на BAIC е компанијата Цилаз која веќе долго време е дел од автомобилската сцена во Македонија. Веќе на самиот старт, понудата вклучува четири различни модели а најавен е уште еден кој ќе ја заокружи гамата. Секако, во иднина ќе пристигнуваат и нови модели.
На самиот старт, достапни се четири различни модели. Своевиден основен модел е X35 кој доаѓа со 1.5-литарски турбо-бензинец со 134 коњски сили и мануелен менувач и чини 17.900 Евра.
Скалило погоре е поголемиот и значително посовремен X55 кој исто така добива 1.5-литарски турбо-бензинец, но со 175 коњски сили, кој пак се комбинира со 7-брзински автоматски менувач со двојна спојка. Цената на X55 e 28.900 Евра.
Интересен новитет е седанот со ознака U5 Plus. Седанот се комбинира со атмосферски бензинец со 112 коњски сили и CVT менувач и чини 21.900 Евра.
На самиот врв на понудата е големиот теренец кој ја носи ознаката BJ40 Plus. Овој модел се комбинира со 2-литрарски турбодизел со 160 коњски сили и 8-брзински автоматски менувач. Големиот BJ40 Plus чини 49.500 Евра.
Сите автомобили имаат 5-годишна гаранција. Им посакуваме многу среќа и многу продадени автомобили!