Моќниот Abarth 600e е посилен од првично најавеното, но дополнителната моќност е ексклузивна само во нивото на опременост Scorpionissima.
Разликите во однос на стандардниот 600е вклучуваат подлабоки предни и задни браници, 20-инчни алуминиумски тркала и истакнат заден спојлер. Квадратниот дизајн на браниците е инспириран од ладилникот на Abarth 850 TC.
Возачот има пристап до три режими на возење: Turismo, Scorpion Street и Scorpion Track, кои овозможуваат различни нивоа на моќност и подесување на ESP. Во режимот Scorpion Track, забрзувањето од 0-100 км/ч се постигнува за 5,85 секунди за Scorpionissima, односно 6,24 секунди за Turismo, додека максималната брзина е електронски ограничена на 200 км/ч.
Abarth откри дека 600e е развиен во соработка со Stellantis Motorsport, и дека користи делови од партнерски компании како Michelin, Sabelt, JTEKT Torsen и Alcon. Шасијата вклучува спортски сопирачки, поцврста суспензија и заден анти-рол бар.
Батеријата од 54 kWh исто така доби специјален систем за ладење со кој се подобруваат перформансите. Производството ќе биде ограничено на 1,949 единици, во чест на годината на основање на италијанскиот бренд.