Mitsubishi најави два нови SUV модели – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Mitsubishi најави два нови SUV модели

Компактните SUV модели кои се базирани на Renault платформите се очекува да се појават на европскиот пазар во 2025 година.

Моделот кој е близнак на Renault Symbioz ќе нуди бензински и хибридни опции, додека вториот (преработката на Renault Scenic E-Tech) ќе биде целосно електричен. 

Очекуваме дека првиот модел ќе биде достапен со бензински и самополнечки хибридни опции. Како и Renault Symbioz, тој ќе ја користи CMF-B архитектурата и се очекува да биде долг 4.413 мм.

Другиот претстојен SUV беше првично најавен во декември 2023 година како првиот целосно електричен Mitsubishi после i-MiEV од 2010 година. Овој модел кој ќе се базира на Scenic E-Tech, ќе ја користи CMF-EV архитектурата заедно со Megane E-Tech, Nissan Ariya и Alpine A390.

Mitsubishi ќе го прошири својот европски асортиман со овие два нови модели, кои ќе бидат локално произведени од Groupe Renault.



Автомобилски ентузијаст преку ден, DJ преку ноќ!