Во салонот на Volkswagen пристигна новиот Taigo – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Во салонот на Volkswagen пристигна новиот Taigo

Урбаниот кросовер Taigo од неодамна е достапен и во Македонија и веќе може да се погледне во салонот на Volkswagen.

SUV и кросовер понудата на Volkswagen во Македонија се проширува со новиот Taigo. Taigo е базиран на истата MQB платформа како T-Cross, но благодарение на пониската линија на кровот, поголемата должина и широчина, како и позаоблените линии добива значително поспортски изглед.

Ентериерот на Taigo идентичен со обновената верзија на Polo, a тоа значи дека доаѓа со најновата генерација на MIB3 мултимедијалниот систем, прикажан на сериски 6.5-инчен или опционален 9.2-инчен екран на допир со безжично Apple CarPlay и Android Auto поврзување. Главните информации за возачот се прикажани на целосно дигитален брзиномер, додека централно-поставениот мултимедијален систем е задолжен за останатите функционалности.

Taigo може да се добие со 1-литарски TSI турбо-бензинец со 95 или 110 коњски сили. Верзијата со 95 коњски сили се комбинира со 5-степен мануелен менувач, додека помоќната изведба доаѓа со 6-степен мануелен менувач. Најмоќна изведба е онаа со 1.5-литарскиот TSI кој испорачува 150 коњски сили и се комбинира исклучиво со 7-степен DSG менувач со двојна спојка.

Цените за Taigo на нашиот пазар започнуваат од моменталната акциска цена од 22.950 Евра.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.