Mercedes-Benz CLE Cabriolet пристигна во салонот на Мак Аутостар – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Mercedes-Benz CLE Cabriolet пристигна во салонот на Мак Аутостар

Новиот кабриолет на Mercedes-Benz од денес може да се погледне во салонот на Мак Аутостар во Скопје.

CLE Cabriolet е – очекувано – кабриолет изведба на сосем новиот модел во понудата на Mercedes Benz – CLE Coupe. Новиот модел кој всушност замени два постоечки автомобили, сега има своја кабриолет изведба со четири седишта.

Кај CLE доминираат визуелни детали кои директно асоцираат и на C-Class и на E-Class. Профилот е динамичен и чист, со остри карактерни линии. На задниот дел светлосните елементи се спојуваат во една целина, а бидејќи ова е кабриолет-изведба на спортско купе, профилот е низок и агресивен.

Кабината е директно повлечена од онаа во новиот C-Class – а тоа значи голем 12.3-инчен дисплеј наменет за инструментите пред возачот, како и 11.9-инчен централно-поставен екран за мултимедијалните функционалности. Она кое CLE го добива од поголемата E-Class е најновиот MBUX кој доаѓа со можност за инсталирање дополнителни апликации.

Сите мотори се со лајт-хибридна компонента, а понудата започнува со CLE 220d кој испорачува 200 дизелски коњски сили. Маааалку над него е 204-коњскиот CLE 200 турбо-бензинец. Двата мотори стандардно доаѓаат со погон на задните тркала, но може да се комбинираат и со 4Matic погон на сите четири тркала.

За оние кои сакаат повеќе моќ, тука се CLE 300 со 258 коњски сили и 400 Nm вртежен момент, додека на самиот врв е шест-цилиндерскиот CLE 450 кој располага со 381 коњска сила и 500 Nm вртежен момент.

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.