Пристигна новиот Volkswagen Passat! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Пристигна новиот Volkswagen Passat!

Да, новиот Passat е достапен само како караван – но тоа не значи дека е помалку Passat од досега. Новиот Passat пристигна во Македонија!

Да, добро прочитавте – оваа генерација на Passat се нуди исклучиво во караванска изведба каде просторот во кабината и багажниот простор играат особено важна улога. Па во контекст на тоа, Passat има 50 милиметри подолго меѓуоскино растојание во однос на генерацијата која ја заменува – а тоа значи повеќе простор во кабината како на предните, така и на задните седишта, но и багажен простор со капацитет од 690 литри со исправена, односно дури 1920 литри со преклопена задна клупа.

Секако, Passat е поставен на MQB Evo платформата на Volkswagen групацијата, а тоа значи дека понудата на мотори останува прилично широка – „влез“ во Passat е лајт-хибридниот 1.5 eTSI со 150 коњски сили, додека скалило погоре е 2-литарскиот TSI кој испорачува 204 или 265 коњски сили. Фановите на турбодизелот имаат причина да се радуваат – во понудата останува 2-литарскиот TDI кој нуди 122, 150 или 193 коњски сили.

Тука се и неизбежните плаг-ин хибридни верзии кои комбинираат нов 1.5-литарски TSI evo2 со електромотор и батерија со капацитет од 19.7 kWh. Плаг-ин хибридниот погон е достапен во две верзии – едната со 204, другата со 272 коњски сили. Највено е дека плаг-ин хибридниот Passat eHybrid ќе може да помине до 100 километри на електрична енергија.

Во сите изведби силата се пренесува преку DSG менувач (кај конвенционалните верзии со 7 брзини, кај плаг-ин хибридните со 6 брзини) а најмоќниот бензинец и најмоќниот турбодизел доаѓаат со 4Motion погон на сите четири тркала. Новиот Passat за прв пат добива и Vehicle Dynamics Manager кој го контролира работењето на електронските диференцијали (XDS) и динамиката на најновата генерација на адаптивната шасија на Volkswagen во форма на DCC Pro.

Поврзано:  Volkswagen ја проширува SUV-понудата со Tayron, поставен меѓу Tiguan и Touareg

Кабината на новиот Passat е исклучително модерна – на централната конзола доминира 15-инчниот екран наменет за мултимедијалниот уред, но достапен ќе биде и нијанса помал, 12.9-инчен екран. Без разлика на верзијата, пред возачот е поставен дигитален панел со три различни режими на приказ на инструментите.

На нашиот пазар, Passat се нуди во три конфигурации – Business, Elegance и R-Line. Цените започнуваат од 43.222 Евра за Passat Elegance со 1.5 еTSI со 150 коњски сили и DSG 7 автоматски менувач. Истиот Passat но со 2.0 TDI со 150 коњски сили чини од 48.869 Евра. На самиот врв е Passat R-Line со 2.0 TDI со 193 коњски сили, погон на сите четири тркала и автоматски менувач кој чини 60.267 Евра, односно плаг-ин хибридниот Passat TSI eHybrid R-Line достапен со две погонски конфигурации кој чини 60.474 односно 62.736 Евра.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.