Jeep го најавува новиот Compass – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Jeep го најавува новиот Compass

Jeep објави скица од целосно-новиот Jeep Compass кој треба да пристигне на пазарот следната година.

Новиот Compass ќе биде поставен на STLA Medium платформата на Stellantis и ќе се нуди со неколку различни погонски опции. Од Jeep уште сега најавуваат целосно-електрична верзија, но и бензинска и хибридна изведба и кажуваат дека без разлика на одбраниот погон, Compass ќе нуди водечки перформанси во класата и врвни технологии.

Compass е глобален бест-селер на Jeep и се нуди ширум светот. Новиот Compass ќе дебитира во Европа (каде и ќе започне производството) во 2025, а понатаму ќе се произведува и во САД и на други локации ширум светот од 2026.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.