Renault R17 Electric Restomod e ретро-модерно електрично возило! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Renault R17 Electric Restomod e ретро-модерно електрично возило!

Renault и дизајнерката Ora Ito создадoa целосно електричен рестомод на класичното купе R17 од 1970-тите.

Иако автомобилот има слични пропорции со оригиналното купе, каросеријата е комплетно сменета. Четирите кружни фарови од оригиналот ги нема, а на нивно место се поставени тенки LED светла со суптилна жолта нијанса.

Бидејќи се работи за возило со електричен погон кај кое не се потребни отвори за ладење на моторот, традиционалната предна решетка е заменета со рамен панел. А-столбовите се долги и тенки, а мали се и страничните ретровизори.

Внатрешноста е уметничко дело. Веднаш се издвојува воланот со два краци, рамен врв и рамно дно. Дигиталните мерачи сега се квадратни, со мали екрани и црвена графика, додека поголемиот инфозабавен екран е позициониран централно.

Стариот 1,6-литарски четирицилиндарец кој ги движеше предните тркала е заменет со електричен мотор со 270 коњски сили кој сега ги придвижува задните тркала. Нема останати информации, но знаеме дека автомобилот има лесна карбонска шасија и тежи 1400 килограми.

Renault планира да го прикаже автомобилот на неколку настани оваа година, вклучително и на саемот за автомобили во Париз што ќе се одржи следниот месец.



Автомобилски ентузијаст преку ден, DJ преку ноќ!