Maybach SL680 е луксузна верзија на Mercedes AMG SL – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Maybach SL680 е луксузна верзија на Mercedes AMG SL

SL680 е најновиот модел на Mercedes-Maybach во нивната програма наречена Monogram Series.

Во предницата е поставена осветлената решетка која е специфична за моделите на Maybach, над која ја забележуваме исправената ѕвезда на Mercedes. Во фаровите се вметнати акценти од злато со розеви елементи, додека рамката на шофершајбната е обложена со значително дебел слој на хром.

Црниот мек покрив е покриен со логото на Maybach со ненападна антрацитна боја. Истата графичка шема опционално може да се додаде и на хаубата, со тоа што панелот првично рачно се бруси пред дизајнот да биде отпечатен на металот. Останатите промени вклучуваат специфични задни Maybach светла, нова задна табла и нов дифузeр со издувни цевки.

Кабината е обложена со кристално бела Nappa кожа која ги покрива панелите на вратите, централната конзола и седиштата. Останатите промени во внатрешноста ги вклучуваат специфичниот волан, педалите и праговите од нерѓосувачки челик.

Механички, SL680 го користи истиот 4-литарски твин-турбо V8 од AMG SL со 585 коњски сили и деветстепениот автоматски менувач. Во името на луксузот, издувниот систем сега е стишен а суспензијата е нагодена кон комфор.



Автомобилски ентузијаст преку ден, DJ преку ноќ!