BYD Seal добива архитектура од 800 волти и Lidar технологија – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

BYD Seal добива архитектура од 800 волти и Lidar технологија

Новиот Seal може да ги наполни батериите од 10 до 80% за само 25 минути, цели 12 минути побрзо од претходно.

Ќе бидат понудени две опции за батерии со моќност од 61,44 и 80,64 kWh, со CLTC опсег до 510, односно 650 километри. Почетниот Seal ќе има единечен електричен мотор со погон на задните тркала и 228 коњски сили, додека помоќната варијанта ќе развива 308 коњски сили. Третата, врвна опција ќе биде нудена со двоен мотор, погон на сите тркала и повеќе од солидни 523 коњски сили.

Покрај полнењето, BYD ја надгради и суспензијата на автомобилот. Вградена е најновата генерација на адаптивните амортизери Disus-C, за кои се вели дека ја подобруваат стабилноста, удобноста и управувањето.

Од најважните безбедносни промени треба да се спомне достапноста на LiDAR системот кој е поставен на покривот. Со негова помош ќе се подобрат полуавтономните системи за возење и ќе се усоврши навигацијата на автоматскиот пилот.

Во внатрешноста, најочигледното ажурирање е поставувањето на редизајнираниот волан со рамно дно и четири краци. Поедноставен е и обликот на централната конзола и контролната табла, со вградување на нова црна плоча што се протега низ целата ширина на кабината.



Автомобилски ентузијаст преку ден, DJ преку ноќ!