Новиот Suzuki Spacia Gear може да се добие со еден куп интересни додатоци кои го трансформираат во авантуристички микро-автомобил.
Во ред, во ред, Spacia Gear не се продава во Европа – малиот автомобил на Suzuki спаѓа во таканаречената Kei Car категорија на домашниот пазар во Јапонија. Kei Car автомобилите имаат ограничувања во однос на димензиите, но и во однос на моторите – дозволени се мотори со капацитет до 660 кубни сантриметри, а тоа носи и многу интересни и креативни решенија.
Најавен е погон на предните или на сите четири тркала, а без разлика на изборот, тој ќе се комбинира со CVT менувач.
Но навистина интересни се додатоците кои се достапни за Suzuki Spacia Gear. Доколку сакате, можете да нарачате специјални налепници, кровна корпа, задна стреа која се склопува, носач за домашни миленици, па дури и перници кои ја трансформираат кабината во двоен кревет, наменет за кампирање. А да, можете да добиете и мрежи за комарци за вратите, ако веќе одите на кампирање.