Германската тјунерска компанија не претера со надворешниот стајлинг, но затоа додаде дополнителни 84 коњски сили.
Тјунираниот Roma Spider со својот 3.9-литартски твин-турбо V8 сега произведува 704 коњски сили, забрзува од 0-100 км/ч за 3.2 секунди и достигнува максимална брзина до 325 км/ч.
Од суптилните надворешни промени се видливи новиот карбонски разделник, карбонската решетка и карбонските облоги што се протегаат под фаровите. Карбонски се и новите странични лајсни, како и задниот и предниот дифузер.
Посебно впечатливи се новите NF11 тркала со дијаметар од 21 инчи напред и 22 инчи позади. Благодарение на спортските пружини на компанијата, автомобилот е спуштен за 35 милиметри, со што добива дополнителен спортски изглед.
Не е познато колку ќе чини целата оваа трансформација, но Novitec најави дека новите перформанси, суспензијата и визуелните делови може да се купат поединечно и да се комбинираат по желба на клиентите.