Cadillac Sollei Concept е луксузна јахта на тркала – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Cadillac Sollei Concept е луксузна јахта на тркала

Cadillac Sollei е дизајниран со јасна референца која упатува кон гламурозните кабриолети на брендот од средината на минатиот век.

За да го создаде концептниот автомобил, Cadillac позајми многу елементи од нивниот целосно електричен модел Celestiq. Не се објавени повеќе детали за подвозјето, но претпоставуваме дека двата модели ја користат истата платформа Ultium, на која се вградени два електрични мотори и батерија од 111 kWh.

Иако предницата е многу слична со онаа кај Cellestiq, Sollei сепак добива сосема нова каросерија со две масивни врати и отворена кабина. Во задниот дел ја забележуваме потрадиционалната силуета со отворен покрив, со што моделот добива многу покласичен изглед. Тука преовладува тенката светлосна лента што се протега преку багажникот.

Кабината ги презема речиси сите свои дизајнерски елементи од Celestiq, вклучувајќи го и 55-инчниот екран од столб до столб и широкиот централен тунел. Целокупниот минималистички дизајн доаѓа надополнет со дрвените фурнири низ вратите, седиштата и централната конзола, како и цврстиот бланширан алуминиум.

Иако од Cadillac не кажаа дали Sollei ќе почне да се произведува сериски, не можеме а да не ги забележиме нивните амбиции да станат бренд кој повторно работи на највисокото ниво на луксузниот автомобилизам.



Автомобилски ентузијаст преку ден, DJ преку ноќ!