ПРЕМИЕРА: Audi A4 станува А5, претставен и нов S5 – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

ПРЕМИЕРА: Audi A4 станува А5, претставен и нов S5

Покрај замената на стандардниот А4 со А5, од Audi го најавија и спортскиот караван S5 Avant чија задача е да го засени досегашниот S4.

Исто како неговиот претходник, S5 Avant има 3-литарски V6, но овој пат тој е надополнет со лајт хибриден погон. Освен што добива технологија од 48V, менувачот е сега автоматски седумстепен со двојна спојка наместо досегашниот осум-брзински Tiptronic. Новиот менувач е полесен и може да издржи поголем вртежен момент од претходно. Слично како веќе непостоечкиот S4, неговата замена доаѓа стандардно со Quattro погон на сите тркала.

Новиот Audi A5 е првиот сериски модел што се вози на новата архитектура PPC (Premium Platform Combustion), што претставува ажурирана верзија на платформата MLB Evo (Modular Longitudinal Matrix). Моделот е подолг и поширок во споредба со неговиот претходник, со дополнителни 68 милиметри помеѓу оските што резултира со меѓуоскино растојание од 2.900 милиметри.

Внатрешноста е целосно нова, со модерен дизајн и повеќе стандардни карактеристики кои му помагаат на A5 да навлезе подлабоко во премиум сегментот. Заоблениот панорамски дисплеј се состои од 11,9-инчна инструмент табла и 14,5-инчен инфозабавен екран на допир. Компанијата тврди дека кабината е попространа од порано, нудејќи повисоко ниво на удобност.

Вреди да се напомене дека Audi порано ги продаваше S4 и S5 во Европа со дизелски V6, но новиот S5 ќе биде понуден само со бензинска варијанта. Дополнително, Audi потврди дека покрај новиот S5, во понудата ќе биде и новиот А5 кој ќе добие цела гама на лајт хибридни турбо-бензински и турбодизел мотори. Audi не објави други детали, па очекуваме во наредниот период да дознаеме повеќе информации.

Поврзано:  ПРЕМИЕРА: Audi го претстави целосно-новиот, технолошки-напреден Q5!

 

 



Автомобилски ентузијаст преку ден, DJ преку ноќ!