ВИДЕО: Koenigsegg Jesko Absolut постави нов рекорд за 0-400-0 километри на час! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

ВИДЕО: Koenigsegg Jesko Absolut постави нов рекорд за 0-400-0 километри на час!

На 27-ми Јуни 2024, Koenigsegg Jesko Absolut постави нов рекорд за забрзување од 0 до 400 километри на час и потоа сопирање до 0 километри на час!

Рекордот е поставен на аеродром во Örebro, Шведска, а зад управувачот беше компанискиот тест-возач на Koenigsegg – Markus Lundh. Тој успеа да постави неколку нови светски рекорди за целосно-хомологирано возило во сериско производство.

Jesko Absolut постави нов рекорд за 0-400-0 километри на час – само 27.83 секунди! Тоа е безмалку цела секунда побрзо од времето од 28.81 секунда поставено минатата година со Koenigsegg Regera (и тоа на истата аеродромска писта). Аеро-оптимизациите му помогнаа на Jesko Absolut да достигне од 0 до 400 километри на час за само 18.82 секунди!

Истовремено, Jesko Absolut постави уште два рекорди, првиот е од 0 до 250 милји на час и повторно до 0 милји на час, за само 28.27 секунди – цели 1.33 секунди подбрување во однос на времето поставено со Regera, додека вториот е за забрзување до 250 милји на час за само 19.20 секунди.

Од Koenigsegg напоменуваат дека возилото било во целосно-продукциска конфигурација, односно како што би било испорачано на клиент. Единствените разлики се безбедносниот кафез додаден како дополнителна мерка за безбедноста за возачот, како и седиште од Koenigsegg One:1 по преференца на возачот. Користено е Е85 гориво а автомобилот бил на Michelin Cup2 R пневматици. Времињата се измерени со опрема од Racelogic и уште еднаш се потврдени во централата на Racelogic.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.