Како што веќе знаеме, Citan Tourer е базиран на комерцијалниот Citan, но доработен да биде полесен и попрактичен за секојдневно користење – без разлика дали ќе се користи за семејни потреби, или пак како практичен транспортер на кој му одговара значката со три краци.
Откако Mercedes-Benz ги понуди Citan и Citan Tourer на пазарот, неизбежни беа и подолгите Long (односно Lang, на германски) верзии со продолжено меѓуоскино растојание и повеќе простор во кабината – како и опција за седум седишта, секако.
Токму таков Citan Tourer Lang пристигна во салонот на Мак Аутостар. Во долгата верзија, Citan Tourer нуди уште повеќе простор за комерцијален превоз на патници или транспорт на работни материјали. Во споредба со стандардната верзија, меѓуоскиното растојание е зголемено за цели 38.4 сантиметри.
Citan Tourer стандардно доаѓа со две лизгачки врати, кои се особено практични во тесни паркинг места. Тие се зголемени до 83 сантиметри од двете страни – а тоа значи лесно влегување и излегување. Товарниот простор е лесно достапен и одзади – прагот за товарење е на висина од нешто повеќе од 55 см.
Стандардно доаѓа со голема петта врата, но достапни се и две засебни врати. Секако, кабината е замислена да биде комфорна и практична – а тоа значи комфорни седишта, многу места за складирање ситници и многу, многу простор.
Ознаката 113 значи дека Citan Tourer е придвижуван од 1.3-литарски турбо-бензинец кој испорачува 131 коњска сила и 240 Nm вртежен момент. Силата ја пренесува кон предните тркала преку 6-брзински мануелен или 7-брзински автоматски менувач.
За повеќе информации, посетете го салонот на Мак Аутостар во Скопје.