Volkswagen и Renault сепак нема заедно да прават мало електрично возило – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Volkswagen и Renault сепак нема заедно да прават мало електрично возило

Во изјава за Reuters, извршниот директор на Renault – Luca de Meo, рече дека разговорите меѓу двете страни се завршени.

Мислењето на првиот човек на Renault за неуспешните преговори е дека тоа е „изгубена можност“, но тој сугерираше дека француската компанија е отворена за соработка со други производители. Од Volkswagen сè уште нема коментар но веќе јасно е дека двата големи производители на автомобили официјално се разидоа.

Во меѓувреме, Renault продолжува со својата цел да ја има следната генерација на Twingo во продажба до 2026 година. Целосно новиот електричен градски автомобил ќе дојде заедно со неговиот брат Renault 5, со кој што ќе биде ценовно блиску позициониран.

Не е јасно што ќе понуди VW во тој фронт. Покрај веќе најавениот ID.2, можно е да очекуваме уште помала варијанта, можеби наречена ID.1 која би го заменила електричниот e-up! Шефот за технички развој на VW, Kai Grünitz веќе сугерираше дека возилото ќе има конкурентна цена и дека ќе биде пуштено во продажба околу 2027 година.



Автомобилски ентузијаст преку ден, DJ преку ноќ!