ПРЕМИЕРА: Jeep Avenger 4xe e хибриден SUV со погон на сите четири тркала – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

ПРЕМИЕРА: Jeep Avenger 4xe e хибриден SUV со погон на сите четири тркала

Супер-фраерскиот Jeep Avenger за прв пат добива погон на сите четири тркала, но и напреден систем кој ветува одлични теренски перформанси.

Ние веќе добро го познаваме новиот Avenger – веќе го возевме со изведба со 1.2-литарски турбо-бензинец со 100 коњски сили и погон на предните тркала – но Avenger 4xe e сосем поинаква приказна.

Срцето на Avenger 4xe е 1.2-литарскиот турбо-бензинец со лајт-хибридна компонента кој испорачува 136 коњски сили преку 6-степен автоматски менувач со двојна спојка. Со турбо-бензинецот соработуваат уште два електромотори – еден напред и уште еден позади – кои испорачуваат уште по 28 коњски сили.

Моторите можат самите да го задвижат Avenger 4xe, а можат и да испорачаат неверојатни 1900 Nm вртежен момент кон задните тркала. Како? Со редуктор со однос 22.7:1 поставен на задната оска – а ова овозможува совладување нагорнини од 40%, односно 20% кога предната оска нема никаква тракција.

Инаку, 100 километри на час пристигнуваат за 9.5 секунди, додека максималната брзина е 194 километри на час. Паметниот систем за погон на сите четири тркала овозможува погон на сите тркала кога е потребен. Бри брзини до 30 километри на час, системот испорачува сила кон сите тркала со 50:50 поделба.

При брзини од 30 до 90 километри на час, погонот на задната оска се активира само кога е побаран или потребен, но моторот е цело време поврзан кон оската за инстантна реакција. При брзини повисоки од 90 километри на час, погонот останува само на предните тркала а задниот е-мотор е целосно исклучен со цел да се подобри ефикасноста.

Истовремено, Jeep ветува и подобрени теренски перформанси. Аголот на пристапување е зголемен на 22°, аголот на прекршување ео 21°, додека аголот на заминување е 35°. Растојанието од подлогата е зголемено на 210 милиметри, а Avenger 4xe може да помине низ вода длабока до 40 сантиметри.

Поврзано:  Jeep го најавува новиот Compass

Avenger 4xe добива и поробустен дизајн директно инспириран од Avenger концептот кој Jeep го претстави пред неколку години. Добива браници со финиш кој е отпорен на гребење, а стандардно добива и кровни носачи и задна кука за влечење. Кабината е обвиена во водоотпорен материјал, а седиштата се од материјал кој овозможува полесно чистење дамки и кал.

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.