Толту Моторс најавува пристигнување на нови модели од Wey и Ora – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Толту Моторс најавува пристигнување на нови модели од Wey и Ora

Кинескиот гигант Great Wall во своето портфолио има многу различни брендови и модели, а застапникот за Македонија – Толту Моторс – најавува пристигнување на неколку нови модели.

Генералниот застапник на брендовите Great Wall и Haval – Толту Моторс – најавува дека наскоро јавноста ќе има можност во живо да се запознае со моделите на Way 03 и 05, како и електричниот Ora 3. Way и Ora се брендови во групацијата на Great Wall кои веќе некое се присутни на европскиот пазар.

Тимот на Толту Моторс во текот на минатиот месец веќе имаше можност да се запознае со моделите и според нив, пристигнувањето на новите модели нашиот пазар е резултат на нивната посветеност кон иновација и квалитет, сè со цел да ги задоволат потребите на клиентите.

Моделите Way 03 и Way 05 се врвни примери за современи автомобили, со уникатен дизајн и напредни технологии кои ќе ви обезбедат безбедност, комфор и задоволство при возењето. Тие се врвен избор за сите кои го бараат перфектно соединение помеѓу луксуз, перформанси и функционалност.

Малиот Ora 3 пристигнува како симбол на елеганција и иновација во светот на електричните возила. Со својот напреден дизајн и високи перформанси, Ora 3 е идеален избор за сите кои го ценат одржливото возење и модерниот стил.
Толту Моторс ќе ги сподели датумите кога моделите ќе бидат достапни за возење, каде што нивните стручни тимови ќе бидат на располагање за секакви прашања и совети.

За повеќе информации, посетете ја веб-страницата на Great Wall.

Извор: PR Толту Моторс



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.