Kia пушти тизер за новиот EV6! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Kia пушти тизер за новиот EV6!

Kia ги објави првите официјални фотографии на фејслифтираниот EV6. За останатите ќе треба да почекаме веројатно неколку недели.


Првично може да забележиме дека значителни промени има направено на предниот дел, особено кај ултра тенките дневните светла кои се паметно инкорпорирани во браникот и решетката. Од позади се гледа и суптилно ревидираната LED лента за задните светла.

Иако се уште нема фотографија од внатрешноста, очекуваме фејслифтираниот EV6 да го добие најновиот инфозабавен систем на Kia. Тоа вклучува 12,3-инчен дигитален дисплеј на возачот, 12,3-инчен централен екран на допир како и помал екран на допир од 5,3 инчи за контролите за климатизација, кој се наоѓа измеѓу првите два. Покрај овие промени, освежениот EV6 треба да добие и нова, поголема батерија од 84 kWh.



Автомобилски ентузијаст преку ден, DJ преку ноќ!