Cupra ги претстави освежените Leon и Formentor – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Cupra ги претстави освежените Leon и Formentor

Со освежувањето, спортскиот хечбек и самоуверениот SUV на Cupra добиваат затегнат, поагресивен дизајн, надградени кабини и помоќни погонски опции!

Најважните измени на екстериерот на двата автомобили на Cupra е токму на предниот дел – тие добиваат целосно редизајнирана „ајкулеста“ предница со Cupra лого на поклопецот на моторот. „Ајкулестата“ предница на Formentor и Leon всушност го дефинира агресивниот изглед, додека ликот го дополнуваат триаголните Matrix LED предни светла и длабокиот отвор за воздух кај обата модели. Сличен светлосен потпис го дефинира и задниот дел, а достапни се и нови мат бои – Century Bronze и Enceladus Grey.

Слична еволуција добива и кабината, за која од Cupra кажуваат дека комбинира спортски дух со одржливост и цела гама на дигитални технологии и квалитетни материјали. Препознаваме редизајнирана централна конзола, спортски седишта обвиени во рециклирани материјали или вештачка кожа. Дигитализацијата е во возачкиот фокус, секако – па целосно нов дигитален интерфејс е имплементирн во дигиталниот кокпит, како и нов 12.9-инчен инфозабавен дисплеј и (верувале или не!) осветлен слајдер за регулирање на гласноста.

Кај обата автомобили може да се добие и хај-фај аудио уред со 12 звучници развиен во соработка со експертите од Sennheiser Mobility, кој треба да испорача врвно аудио-искуство.

Кај освежените модели е достапна гама на мотори кои користат различни технологии – тука се TSI бензинците како и E-TSI бензинците со лајт-хибридна компонента. Cupra не ги изоставува ниту TDI дизелите, но особен фокус дава на новата генерација eHybrid плаг-ин хибриден погон кој добива системски 272 коњски сили и нуди автономија до 100 километри на електрична енергија, како и можност за брзо полнење со моќност до 50 kW.

Поврзано:  ПРЕМИЕРА: Cupra официјално го претстави својот најголем SUV, новиот Terramar

Интересно, Cupra нуди и нов 2-литарски турбо-бензинец кој сега испорачува 333 коњски сили – но го нуди само кај Cupra Formentor и Cupra Leon Sportstourer, но не и кај „обичниот“ Cupra Leon. Овој бензинец најверојатно се комбинира само со погон на сите четири тркала, па затоа се нуди само кај Formentor и Leon Sportstourer.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.