Од нејзиното основање до денес Toyota продаде 200 милиони возила – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Од нејзиното основање до денес Toyota продаде 200 милиони возила

Јапонскиот автомобилски производител достигна значајна бројка на продадени возила, објавувајќи дека во Јуни нивното досегашно производство на возила ја надмина бројката од 200 милиони единици, 76 години по претставувањето на првиот модел во 1935.

Од 200-те милиони возила, 145 милиони се произведени во Јапонија и 55 милиони во прекуморските фабрики. Компанијата истакна дека од 1992 до крајот на 2011 има произведено 7.44 милиони автомобили во нејзините Европски фабрики во Чешка, Франција, Португалија, Турција и Велика Британија.

Сепак од сите модели на Toyota, најпопуларни и најпродавани се моделите со назнаката Corolla, произведена во 39.08 милиони единици до крајот на Јуни.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.