VW ID.Buzz GTX е спортски електричен микробус! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

VW ID.Buzz GTX е спортски електричен микробус!

После лансирањето на ID.3 GTX, ID.4 GTX, ID.5 GTX и ID.7 GTX Tourer, следува најновото спортско издание од линијата GTX на Volkswagen.

Како и кај другите GTX модели, ID Buzz GTX добива редизајнирани браници, нова решетка и впечатлива црвена боја. Тука се и ексклузивните 19-инчни тркала, а како опција се нудат и два комплети од 21 инч. Останатите детали кои го издвојуваат од стандардната верзија се долните светла во форма на бумеранг, темните акценти и спортските седишта.

ID.Buzz GTX доаѓа стандардно со два мотори и погон на сите тркала. Клиентите можат да изберат од верзијата со стандардно меѓуоскино растојание и батерија од 79 kWh и моделот со подолго меѓуоскино растојание, кој доаѓа со помоќната 86 kWh батерија. Максималната моќност на полнење зависи од батеријата бидејќи помалиот пакет поддржува 185 kW додека надградениот пакет поддржува полнење до 200 kW. На основната батерија и се потребни приближно 25 минути за полнење од 10 до 80 проценти, додека на поголемата и треба нешто помалку од 30 минути.

Во внатрешноста, семејниот транспортер добива 12,9-инчен екран на допир, нов опционален head-up дисплеј и осветлени лизгачи остеливи на допир за клима уредот и мултимедијалниот систем. Во моделот со подолго меѓуоскино растојание вграден е најголемиот панорамски покрив досега во возило на Volkswagen и истиот има опција со еден допир да се претвора од непроѕирен во проѕирен и обратно.

Вкупната моќност од 335 коњски сили му овозможува на возилото да забрза до 100 км/ч за 6.5 секунди и да достигне максимална брзина до 159 километри на час. Европскиот ID. Buzz GTX ќе се појави во изложбените салони ова лето.

Поврзано:  Пристигна новиот Volkswagen Passat!


Автомобилски ентузијаст преку ден, DJ преку ноќ!