Во салонот на Mercedes-Benz во Скопје пристигна новиот Mercedes-AMG GT – а веќе знаеме дека дизајнот на новиот знаменосец на AMG гамата е дело на македонскиот дизајнер Славче Таневски.
Со втората генерација, Mercedes-AMG го трансформираше GT Coupe во хардкор 2+2 купе со уште повеќе моќ, уште повеќе сексапил и нијанса повеќе практичност.
Секако, срцето на Mercedes-AMG GT Coupé и понатаму е добро-познатиот 4-литарски твин-турбо V8 кој кон сите четири тркала (со очигледна преференца на задните тркала, секако) испорачува 585 коњски сили при 5500 вртежи во минута и моќни 800 Nm вртежен момент од 2000 до 5000 вртежи во минута.
Резултат на сето ова? Спринт до 100 километри на час за само 3.2 секунди и максимални 315 километри на час!
Mercedes-Benz и Mercedes-AMG имаат огромна доверба во дизајнерскиот талент на Славче Таневски. Славче веќе повеќе од една декада работи и дизајниран за Mercedes-Benz и Mercedes-AMG, а новиот Mercedes -AMG GT Coupe го носи токму неговио потпис. Новиот Mercedes-AMG GT Coupé веднаш асоцира на својот претходник, но ставот и формата се уште поагресивни и подинамични.
Вреди да се напомене дека новиот Mercedes-AMG GT Coupé е поставен на нова архитектура која користи напредни, егзотични материјали за да постигне врвна цврстина и врвни спортски перформанси.
Кабината ги добива дигиталните екрани компоненти кои веќе дебитираа кај SL – тоа значи 12.3-инчен дигитален панел со инструменти пред возачот, како и 11.9-инчен централно-поставен екран за мултимедијалниот уред и многу од функционалностите во ентериерот. Секако, тука се спортските седишта и специјалниот AMG управувач.