Само 15 месеци откако го пушти на пазарот, Lamborghini го продаде илјадитиот примерок од својот најнов модел, супер-автомобилот Aventador!
Ова е навистина краток рок за да се постигне овој јубилеј – колку за споредба, на претходникот на Aventador – Murcielago – му беа потребни скоро три години за да ја достигне оваа бројка. Јубилејниот Aventador веќе отиде во рацете на својот купец – Hans Scheldecker од Германија, кој веќе има Lamborghini Diablo во својата гаража. Неговиот нов Aventador е во бојата која се нарекува Argos Orange, а клучевите му ги предаде токму претседателот на Lamborghini, Stephan Winkelmann.
Му честитаме на купецот за неговиот нов автомобил, и искрено ќе му кажеме дека сме малку љубоморни на неговиот нов љубимец!