Praga го започна производството на Bohema – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Praga го започна производството на Bohema

Повеќе од една година после неговото откривање, стартува изработката на чешкиот хиперавтомобил.

Чешкиот производител кој постои од 1907 година и сега речиси исклучиво произведува тркачки автомобили, штотуку ја пушти својата Bohema во производство. По повеќе од една деценија производство на тркачките автомобили R4 и R1, ова е првпат компанијата да прави наменски хиперавтомобил.

Моторот на Bohema е добро познатиот 3,8-литарскиот твин-турбо V6 од Nissan GT-R R35, кој во овој случај произведува 700 коњски сили и ги придвижува исклучиво задните тркала преку шестстепен секвенцијален менувач.

Од Praga велат дека бројката за планирани произведени возила ќе биде ниска а првите примероци ќе бидат готови во првата половина од годинава. Она што дефинитивно нема да биде ниско е цената која изнесува дури 1.36 милиони евра.

Сопственикот на компанијата, Томаш Каспарек рече; „Ова е важна пресвртница за Praga во нашата долга 117-годишна историја. Посебно сме горди што започнуваме со производство само една година по откривањето на прототипот на Bohema. Многу внимателно ја следиме секоја фаза од процесот на градење за да се увериме дека серискиот автомобил се совпаѓа, па дури и ги надминува очекувањата на нашите клиенти“.



Автомобилски ентузијаст преку ден, DJ преку ноќ!