BYD Dolphin е прогласен за AUTOBEST Best Buy Car of Europe за 2024! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

BYD Dolphin е прогласен за AUTOBEST Best Buy Car of Europe за 2024!

За прв пат во историјата на AUTOBEST признанијата, кинески производител ја освои титулата за Best Buy Car of Europe

Со вкупно освоени 20.057 поени, BYD Dolphin се најде на прво место место во едно од најизедначените гласања на жирито во последната деценија. Кинескиот електричен автомобил BYD Dolphin успеа да освои 25.88% од вкупниот број на поени во процесот на гласање на жирито. Зад него се најдоа Hyundai Kona која освои 25.44%, JEEP Avenger кој освои 24,68% и FIAT 600 кој освои 24.00% од достапните поени.

BYD е првиот кинески бренд кој ја освојува престижната AUTOBEST Best Buy of Europe награда. Наградата ја доделува жири сочинето од по еден автомобилски новинар од секоја европска земја. Член на AUTOBEST од Македонија е нашиот колега Крумислав Барзов. Интересно е дека BYD Dolphin триумфираше со разлика од само 344 поени пред второпласираната Hyundai Kona. На гордата трета позиција на европскиот подиум е Jeep Avenger кој со мала разлика се пласира пред својот технолошки близнак FIAT 600.

„Ова беше еден од од најбалансираните AUTOBEST натпревари во една деценија. Сите овогодинешни финалисти се покажаа како извонредни производи, со голема привлечност и различна компетентност бидејќи членовите на жирито ги проверуваа темелно сите модели за време на многу детални тестови. Но на крајот, имаме победник, BYD Dolphin, модел кој има само електрична верзија.“ – изјави Дан Варди, Основач и претседател на организацијата AUTOBEST.

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.