Утринска Гимнастика: Амбициозниот Rodin FZero го направи првиот тест – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Утринска Гимнастика: Амбициозниот Rodin FZero го направи првиот тест

Првиот тест на FZero се одржа на сопствената тест патека на Rodin, во близина на планината Лифорд на Јужниот остров во Нов Зеланд. 

Хиперавтомобилот беше управуван од страна на основачот на Rodin – страствениот тркач и технолошки милијардер Дејвид Дикер. Излегувајќи од пилотската кабина, тој изјави: „Тестот помина многу добро и возбудени сме бидејќи проектот FZero влегува во својата следна фаза. Навистина е автомобил како ниеден друг“

Тркачкиот FZERO има 4-литарски твин-турбо V10 мотор кој развива 1013 коњски сили, вртежен момент од 700 Nm и максимална брзина од 360 km/h.

Целта на Дикер отсекогаш била Rodin да го изгради ултимативниот автомобил на патеката. FZero е констриуран за да биде побрз на патека од Формула 1 болид, бидејќи истиот е развиен без било какви правила и регулативи од мотоспортот.

Откако ќе бидат произведени 30 возила, ќе следува и верзија наменета за легално користење на патиштата, а компанијата исто така работи и на целосно електричен модел.



Автомобилски ентузијаст преку ден, DJ преку ноќ!