GT4 e специјално издание на Toyota Supra наменето за стариот континент – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

GT4 e специјално издание на Toyota Supra наменето за стариот континент

Најновата специјална верзија на Supra е моделирана по GR Supra GT4 Evo. Резултатот е легален тркачки автомобил со регистарска табличка.

Петтата генерација на Supra излезе пред скоро пет години. Од тогаш беа претставени неколку специјални изданија, вклучувајќи го и неодамнешниот модел со мануелен менувач. До пристигнувањето на очекуванииот GRMN модел догодина, Toyota ни претставува уште една лимитирана верзија.

Таа ќе биде достапна само во Европа и се заснова на опцијата со 3.0-литарски мотор и шестстепен мануелен менувач. Моделот може да се пофали со бројни додатоци на Gazoo Racing за да се издвои од стандардната Supra. Во списокот се најдоа: задни карбонски крила, AC Schnitzer преден сплитер, Bilstein Evo T1 суспензија со опција за подесување, ултра-лесни тркала Protrack One и спортски издувен систем Milltek.

Supra GT4 100th Edition Tribute ќе биде изложена до 10ти декември на саемот за автомобили во Есен, Германија, а бројот на примероци што ќе бидат пуштени во продажба е лимитиран на 100.



Автомобилски ентузијаст преку ден, DJ преку ноќ!