Pogea Racing го претворија Ferrari Purosangue во спуштено хечбек чудовиште! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Pogea Racing го претворија Ferrari Purosangue во спуштено хечбек чудовиште!

И покрај ограничената достапност и долгото време на чекање за Ferrari Purosangue, тјунинг компаниите не престануваат со претставуање на своите нови пакети за луксузниот супертеренец.

Почнувајќи од надворешноста, Purosangue добива редизајниран преден браник со дополнителни странични отвори со кои се истакнува неговиот поширок изглед. Профилот се одликува со продолжетоци на браникот со неколку дополнителни отвори и перки. На задната страна акцентот е ставен на четирите централни издувни цевки на кои се надоврзува големиот дифузер.

Ferrari Purosangue е значително спуштен со помош на KW Suspensions, притоа обезбедувајќи изглед на низок спортски суперхечбек. Моќноста на 6,5-литарскиот V12 е сега качена на 820 коњски сили што е значително зголемување во однос на стандардните 715 на фабричкиот модел.

Pogea Racing моментално е во процес на добивање одобрение за производство и се уште уште нема објавено цена за горенаведените модификации. Други тјунери, како DMC и Carlex Design исто така ги открија своите планови за тјунинг пакети за Ferrari Purosangue, секој фокусирајќи се на различни аспекти на возилото.



Автомобилски ентузијаст преку ден, DJ преку ноќ!