ПРЕМИЕРА: HiPhi А – Кинески електричен хиперавтомобил со четири врати и 1.287 коњски сили! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

ПРЕМИЕРА: HiPhi А – Кинески електричен хиперавтомобил со четири врати и 1.287 коњски сили!

Хиперавтомобилот од следната генерација е доволно простран да собере 4 патници и доволно брз да достигне 100 км на час за само две секунди.

Последниве неколку години, кинеските производители на електрични автомобили стекнаа репутација на брендови кои имаат релативно ниски цени со кои ги рушат добро етаблираните конкуренти од Европа и Јапонија. Сепак, брендот HiPhi од Шангај со моделот А цели многу повисоко, директно кон врвот!

HiPhi A е придвижуван од три електрични мотори (еден на предната и два на задната оска) кои произведуват колосални 1.287 кс и го движат хиперавтомобилот до максимална брзина од 300 км/час. Моторите, направени од карбонски влакна се лесни, компактни и ултра тивки, но сепак способни да вртат со 22.000 вртежи во минута.

Точната големина на батерискиот пакет и опсегот на возење засега не се познати, но она што е познато е дека HiPhi А е базиран на платформата 800 V, исто како и Rimac Nevera. Од надворешноста не може а да не се забележи огромното задно крило, подеднакво големиот преден сплитер и генералното влијание на дизајнот од веќе постоечките модели Z и Y на брендот.

Во внатрешноста, кабината е главно акцентирана кон возачот, но истата е дизајнирана да биде пространа и удобна и за патниците во задниот дел. Материјалите што се користат ги следат луксузните трендови поставени од претходниците на брендот.

HiPhi A е планиран да се произведе во ограничен број, а првите примероци да пристигнат во Кина на почетокот на 2025 година.



Автомобилски ентузијаст преку ден, DJ преку ноќ!