ПРЕМИЕРА: Fiat го претстави хибридниот нов 600 Hybrid – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

ПРЕМИЕРА: Fiat го претстави хибридниот нов 600 Hybrid

Откако пред само неколку седмици Fiat го претстави електричниот 600e, сега ни го покажа и поконвенционалниот 600 Hybrid со супер-ефикасен лајт-хибриден погон.

Новиот Fiat 600 Hybrid добива прилично интересен хибриден погон – основата е 1.2-литарски три-цилиндерски бензинец со 100 коњски сили кој се комбинира со електромотор кој испорачува дополнителни 30 коњски сили и минијатурна батерија. Електричниот погон е спакуван во 6-брзинскиот менувач со двојна спојка и според Fiat му овозможува на хибридниот кросовер да се движи на струја со брзини до 30 километри на час. Поентата на овој систем е значително да му ја олесни работата на бензинецот и истовремено да успее да ги подобри перформансите и да ја намали потрошувачката.

Според официјалните податоци кои пристигнаа, Fiat 600 Hybrid забрзува до 100 километри на час за 11 секунди, но вистинскиот талент на хибридниот погон е во полн ефект во градскиот метеж и таканаречените тргни-застани ситуации кога електромоторот го движи автомобилот и потрошувачката на бензин значително се намалува – односно воопшто не се троши бензин. Сето ова придонесува за намалување на потрошувачката и емисијата на CO2 до 15%.

Инаку, хибридниот Fiat 600 е идентичен сo електричниот Fiat 600e – а тоа значи многу шарм, како и комфорна и просторна кабина, модерни технологии и привлечен, италијански дизајн. Според најавеното, хибридниот Fiat 600 прво ќе пристигне на италијанскиот пазар, а потоа ќе пристигне и во други земји ширум Европа.

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.