Во салонот на Kia во Скопје пристигна целосно-електричната EV6! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Во салонот на Kia во Скопје пристигна целосно-електричната EV6!

Големиот електричен EV6 пристигна во салонот на Kia во Скопје и веќе е достапен за македонските купувачи.

EV6 веќе е успешен модел за Kia на глобалниот пазар – веќе се продава ширум светот, а минатата година беше прогласен за Европски Автомобил на Годината. Согласно на тоа – очекувањата се големи.

EV6 е поставен на E-GMP платформата на корејскиот гигант, која пак овозможува 400 или 800-волтно полнење. Овој систем овозможува полнење од 10 до 80 проценти за само 18 минути, а 100 километри автономија се добиваат со полнење од само 4.5 минути. EV6 добива и нов систем за одржување на температурата, кој му овозможува на електричниот автомобил да има 80% од автономијата која ја има при 25 степени, дури и при -7 степени.

На предниот дел вниманието оди кон светлосните елементи и нискиот браник со големи отвори за воздух. Профилот е низок и нуди интересна комбинација од форми на купе и хечбек, а „лебдечкиот“ кров ја нагласува современоста на EV6. На задниот дел вниманието оди кон големите, мулти-дименизонални светлосни групи, а целиот автомобил има интересна, несекојдневна форма која не е лесно да се „улови“ на фотографии. Особено добро изгледа и Moonscape Gray мат сивата боја – прави EV6 да изгледа како да е од друга планета.

Кабината на EV6 добива 12-инчен панел со инструменти и 12-инчен централно поставен мултимедијален уред. Двата екрани се поставени во едноделен панел и системите ќе овозможат Over-The-Air надградби и услуги во реално време. Управувачот е футуристички и целата кабина е намерно минималистичка. EV6 добива Relaxation Seats кој се направени од специјални материјали и рециклирани пластики. Купувачите можат да нарачаат и многу премиум компоненти – како на пример Meridian аудио уред со 14 звучници, како кај изложениот модел.

Поврзано:  ТЕСТ: KIA Picanto 1.2 5MT Concept - Добрите нешта доаѓаат во мали пакувања!

Изложениот модел е со Long Range батерија со капацитет од 77.4 kWh. Силата од батеријата се пренесува кон сите четири тркала преку два електромотори со вкупна моќност од 325 коњски сили и 605 Nm вртежен момент.

Пристигнувањето на EV6 во Македонија е несомнено зајакнување и размрдување на понудата на електрични возила на нашиот пазар. Со сè пошироката понуда (и покрај онаа, каква-таква инфраструктура која ја имаме) електричните возила стануваат сè поинтересни и за нашите купувачи. Kia EV6 наскоро ќе пристигне и кај нас на тест па со задоволство ќе ги пренесеме впечатоците.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.