Некст Тајм стануваат бренд-амбасадори на Renault – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Некст Тајм стануваат бренд-амбасадори на Renault

Renault со задоволство најавува ново поглавје – Renaulution кој започнува со целосно новиот иновативен и импресивен Е-tech SUV Austral, а бендот Next Time ќе го промовира најдоброто од хибридната технологија од францускиот производител во согласност со новата глобална стратегија за промовирање на 100% електричниот опсег на Renault E-Tech.

„Новиот Renault Austral не освои со неговата целосна убавина, комфортност и прилично добра економичност на трошење. Ние како артисти сме изложени на многу патувања и настапи и потребно беше да имаме возило што ги исполнува сите услови кој ги бара едно патување. Надворешниот дизајн на Austral според нас е донесен до перфекција како и ентериерот кој е доведен до совршенство. Навигацијата што е исклучително важна за луѓе кои често патуваат е според нас перфектна. Задоволство е да се соработува со компанијата Аутомотив Груп како генерален импортер на брендот.” – изјави Мартин Филиповски.

Renault започна амбициозна трансформација која генерира вредност преку електрификацијата на својата палета на производи. Преку неговиот дизајн, можностите на моторот и другите карактеристики, целосно новиот Austral ги истакнува силните страни на Renault во производството и технологијата. Од Renault ги потенцираат хибридниот погон, модерната силуета и врвните технологии кои се дел од Austral.

Стратегијата на брендот како и интегритетот и стандардите кон кои стреми бендот Next Time  комплетно соодетствува со  целосно новиот Austral – SUV кој одговара на постојано растечката побарувачка за патување без ограничувања, истовремено заштитувајќи ја животната средина. Нашиот тест на новиот Renault Austral можете да го погледнете тука.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.