ПРЕМИЕРА: Новото Kia Picanto е самоуверен градски автомобил! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

ПРЕМИЕРА: Новото Kia Picanto е самоуверен градски автомобил!

Новото Kia Picanto добива агресивен лик, нови технологии во кабината и ефикасни бензински мотори под предниот поклопец.

Иако всушност зборуваме за темелно освежена верзија на веќе постоечкото Picanto, сепак измените се доволно темелни за да можеме да зборуваме за ново Picanto. Дизајнот е темелно изменет и дизајнерите го примениле Opposites United дизајнерскиот јазик прилично ефикасно. Предниот дел е целосно редизајниран со нови предни светлосни групи (кои можат да бидат со LED), а браникот е ревидиран за да има покомплексен и поагресивен изглед. Профилот е неизменет, но задниот дел добива нови поврзани LED светлосни групи.

Сега за сега Kia ja претстави само врвната GT-Line опрема, но ќе се нудат у други опции. Најавено е дека основното ниво на опрема ќе има 14-инчни тркала, а дека ќе бидат достапни 9 различни бои од кои дури 4 се нови – Signal Red, Smoke Blue, Sporty Blue и Adventurous Green.

Измените во кабината не се толку драстични, но од Kia кажуваат дека материјалите се подобрени и дека технологиите се надградени. Новиот 8-инчен Kia Connect инфозабавен уред добива wireless надградби, како и поддршка за две Bluetooth конекции, препознавање гласовни команди и интеграција со Apple CarPlay и Android Auto. Picanto GT Line добива ентериер обвиен во вештачка кожа, а достапни ќе бидат и неколку пакети за персонализација – Glossy Black, Adventurous Green и Rich Brown.

Во однос на погонските опции, во Европа Picanto ќе се нуди со 1-литарски MPi атмосферски бензинец со три цилиндри и 1.2-литарски MPi атмосферски бензинец со четири цилиндри. Моторите се супер-ефикасни и супер чисти, и иако не се објавени техничките спецификации за моторите, се очекува 1-литарскиот бензинец да испорачува 67 коњски сили а 1.2-литарскиот бензинец да испорачува 84 коњски сили. Силата ќе се испорачува кон предните тркала преку 5-степен мануелен или 5-степен автоматизиран мануелен менувач.

Поврзано:  Официјално започна со работа новиот продажно-сервисен центар на KIA во Македонија!


Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.