Збогум сива, здраво бои – Fiat ја отстранува сивата боја од својата понуда! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Збогум сива, здраво бои – Fiat ја отстранува сивата боја од својата понуда!

Италијанскиот бренд објави дека повеќе нема да ја нуди сивата боја како избор на нивните возила, а наместо неа ќе нуди само живописни алтернативи.

Сивата боја е можеби најпродаваната боја на автомобили, но Fiat одлучи дека повеќе нема да ја нуди. Според нивните зборови токму сивата боја прави автомобилите да изгледаат унифицирано и малку безлично. Ова е исто така инспирирано и од италијанските градови обоени во најразлични бои кои се едни од најпосетуваните туристички дестинации во светот.

Првиот модел кој нема да се нуди во сива боја ќе биде новиот електричен 600е кој ќе дебитира на 4ти Јули. А за да го потенцира тоа, извршниот директор на Fiat – Оливие Франсоа во новото промотивно видео го потопува малиот кросовер во огромна кофа полна со портокалова боја.

Погледнете го интересното видео за промовирање на оваа одлука:



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.