ReDrive станува македонски застапник за Maserati – веќе пристигна и новиот Grecale! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

ReDrive станува македонски застапник за Maserati – веќе пристигна и новиот Grecale!

Македонската компанија ReDrive од неодамна е овластена за продажба и сервис за возилата на италијанскиот луксузен бренд Maserati и веќе пристигна и новиот SUV Grecale!

Grecale е новиот SUV на Maserati. Grecale е поставен на надградена платформа и го добива VDCM (Vehicle Dynamic Control Module) од MC20. Овој напреден систем во реално време ја контролира динамиката на овој спортски SUV за да понуди врвно возачко искуство.

Секако, стандардно ќе доаѓа со погон на сите четири тркала и 8-брзински менувач од ZF. Пристигнатиот примерок е Maserati Grecale GT кој благодарение на 2-литарски турбо-бензинец (со лајт-хибридна компонента) располага со 300 коњски сили и 450 Nm вртежен момент.

Забрзувањето до 100 километри на час трае само 5.6 секунди а максималната брзина е 240 километри на час. Дизајнерите и инженерите на Maserati посветиле многу внимание на кабината, па кабината е навистина современа. Пред возачот се поставени дигитали инструменти, а сличен е пристапот и со централната конзола, каде прво е поставен 12.3-инчен панел, под кој е поставен уште еден со дијагонала од 8.8 инчи. Овој панел го нарекуваат Comfort Panel и овозможува пристап до многу од функционалностите.

Дополнително, Grecale добива и Sonus Faber премиум аудио уред, како и уште еден дисплеј поставен врз инструментите кој функционира како дигитален паметен часовник и има неколку различни прикази.

За повеќе информации посетете го објетот на ReDrive или пак официјалната Facebook страница.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.