Mazda го објави второто подмладување за роудстерот MX-5 и започна со негова продажба во Јапонија.
Најверојатно е дека повеќето од измените на моделот за Јапонскиот пазар ќе бидат применети и на интернационалната верзија при крајот на оваа година.
Второто освежување на третата генерација на MX-5 од неговото дебитирање во 2005, носи поагресивен преден дел со поголеми отвори за воздух, дискретен преден лип спојлер плус црни предни светлосни групи за верзијата со мек покрив и хромирани за верзијата со тврд покрив.
Додатно, подмладениот роудстер добива и систем за заштита на пешаци во форма на активна хауба, кој во случај на незгода го подига задниот дел на хаубата со цел да ја апсорбира енерјата на ударот и да ја намали повредите на главата.
Исто така ново кај овој модел е бојата Dolphin Gray Mica која ја заменува Metropolitan Gray Mica и ново дизајнираните 17-инчни бандажи за MX-5 RHT.
Во внатрешноста, Јапонскиот производител на автомобили претстави како нова опција црна боја за моделите опремени со кожни седишта, додека декорациониот панел и воланот се во сјајна темно сива боја.
Механичките надоградби , направени за да го подобрат задоволството при возење, вклучуваат поосетлив одзив на гаста и подобрени сопирачки.
Надоградената MX-5 во Јапонија започнува со цена од 23,300 евра, додека следната генерација која ќе биде развиена во соработка со Alfa Romeo се очекува да пристигне во 2015.