Беше само прашање на време кога ќе видиме тркачка верзија на хибридното купе на Хонда.
За сега, Honda нема објавено конкретни податоци за перформансите на тркачката верзија на CR-Z, но знаеме дека наместо 1.5-литарскиот четири-цилиндричен агрегат, CR-Z GT е придвижуван од 2.8-литарски V6 мотор, потпомогнат од два турбо-полначи кој работи во соработка со тркачки хибриден систем.
Иако не ги знаеме перформансите, можеме да ги погледнеме фотографиите од Јапонскиот тркач, но и да погледнеме едно видео од тестирањата кои Honda ги прави со цел да го подготви својот нов кандидат за трките кои му претстојат.